Во Основен суд Скопје 1 денеска почна судскиот процес по тужбите поднесени против министерот за надворешни работи Бујар Османи и медиумот „360 степени“ од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и ММДЧП како организација.
На воведното рочиште обвинетиот Османи не се појави во судот туку го испрати неговиот бранител.
Тој се терети дека во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнел лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов.
Тужителите сметаат декаОсмани продолжил со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.