Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 рече дека менувањето на знамињата на опшините инспирирани од сонцето од Кутлеш ќе предизвика нов проблем во позицијата на државата кон стремењето во евроинтеграциите.

Гледате во одредени општини веќе се усвојуваат, се носат заклучоци за знаме кое што е спротивно на Преспа. Предизвикувањето на Преспа значи отворање на нов проблем, ново прашање кое што ќе ја оптерети оваа држава и нејзината позиција. Албанија ќе бара да се дели од пакетот за да ги продолжи преговорите. Тоа не става нас уште во полоша позиција бидејќи сега додека сме заедно има одредена регионална вознемиреност. После ќе остане – ние изолирани, а процесот ќе оди напред, истакна шефот на македонската дипломатија.

Ваквата реакција на Османи доаѓа откако Советот на Општина Лозово пред девет дена изгласа сонцето од Кутлеш да биде официјално знаме на општината. За 16-кракото жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде знаме на Лозово гласаа тројца советници на ВМРО-ДПМНЕ, тројца на СДСМ и советникот на ТМРО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.