Министерот за надворешни работи Бујар Османи со свое објаснување за отфрлање на францускиот предлог.
Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија, напиша Османи во објава на фејсбук.
Според него, „усвојувањето денес на резолуцијата во бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.”
Османи тврди дека бугарската страна не покажала разбирање.
Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на Француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање, објави министерот Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.