Утре, в петок, на 4 ноември на територијата на СВР Битола ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради доаѓањето на Илија Јотова, потпретседателка на Бугарија.
Јотова, заедно со тогашниот бугарски премиер Кирил Петков, на 16 април беше на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во еврејското маало во Битола.
Од СВР Битола соооштуваат дека ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради присуството на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски кои в сабота, на 5 ноември ќе присустуваат на одбележување на годишнина од постоењето на РЕК Битола.
Од тие причини, СВР Битола на територијата на Битола и околината на 04.11. и 05.11 ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај при што до сите граѓани учесници во сообраќајот апелираме да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, велат од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.