Организирани од Фондацијата „Македонија“ македонските Бугари се собраа на панихида за револуционерката Мара Бунева во црквата Свети Димитрија во Скопје.
Претседателот на Фондацијата, Виктор Стојанов на социјалните мрежи објави дека стотина Бугарија ја поминале државната граница и се упатиле кон Скопје за да ѝ дадат почит на Бунева
Обединети и организирани ние можеме да бидеме лидерите на Балканот. Јас сум заглавен на граница и не можам да ја поминам но среќен сум од тоа што го видов. Среќен сум што сме обединети, макар на еден ден за Мара, вели Стојанов.
Во друга објава, Стојанов тврди и дека во Скопје има пристигнато и Бугари од Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.