Градоначалникот на Тетово Биљал Касами и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, како што информираат од Општина Тетово, на денешната средба се обврзале да се најде место во градот каде ќе гласаат бугарските државјани на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 април.

-На средбата на градоначалникот на Општина Тетово и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов се разговараше за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји. На средбата се разговараше и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија, информираа од Општина Тетово.На 2 април се предвидени предвремените парламентарни избори во Бугарија, откако во јануари во тројца мандатари не успеаа да состават Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.