Драги Рашковски е пуштен од затворот „Скопје“ во Шутка во домашен притвор, откако помош за неговиот случај била понудена од Бугарија. За да му се помогне на Рашковски, разговарал Игор Христов, осомничен во случајот „Софтвери“ каде се гони поранешниот генерален секретар, пишува „А1он,мк.
Обвинителката Ивана Трајчева презентираше пораки разменети 16 дена откако Кривичниот совет реши дека Рашковски може да влијае на сведоци, па затоа го смести во ефективен притвор. Во нив соговорникот на Христов од Бугарија најпрво прашува кој го води случајот, нуди помош и разговори на разни нивоа.
Следниот пат, кога тие разменуваат нови пораки, Рашковски веќе добива решение од Апелација и судијката Тања Милева, за да оди повторно во куќен притвор наместо да биде во затворот во Шутка. Во оваа комуникација се вели: „Премиерот помага, ќе биде добро“-пренесува „А1.мк“.
Повеќе на А1он.мк“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.