Нема подготвеност за промена на учебниците во Македонија, иако тоа може да се случи веднаш. Во Македонија главно се занимаваат со барањето на ДПМНЕ за распишување референдум за целосно да се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија, а таквата атмосфера влијаеше и на состанокот на Мешовитата комисија.
Ова за БНТ го изјави шефот на бугарскиот тим од Заедничката историска комисија, Ангел Димитров.
-Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите, бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција.Гоце Делчев е постојано во нашата програма веќе трета година и не стигнуваме до него, всушност не се разговара за тоа, пренесува БГНЕС.
Она што е одлучено и најавено е дека треба да се пристапи кон промена на нивните (македонските н.з.) учебници. Вели дека заелешките за бугарските учебници од македонска страна биле општи, не допирале важни работи во толкувањето и биле пуста желба.
Но, Димитров вели дека македонската страна треба да направи „сериозни измени во нивните учебници“.
-Ова треба да се направи веднаш. Учебниците може да се дополнат и без да се печатат нови, коментира проф.Димитров.
Тој нагласи дека сета оваа политичка тензија во Скопје е на тема бугаризација.
Димитров вели дека тоа е апсурдно и потсети дека и претседателот Стево Пендаровски „ова го дефинираше како ќорфишек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.