Бугарија не може да каже „да“ за членство на Република Македонија во ЕУ, додека нашата земја нема доволно гаранции утврдени во конкретен и значаен документ на европско ниво за да бидат земени предвид во секој чекор од преговорите, рече потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Таа ја коментираше темата за Македонија пред новинарите во Бугарската академија на науките, каде што учествуваше на меѓународна годишнина конференција на Институтот за бугарски јазик Според неа, за жал, антибугарските позиции во земјава стануваат се посилни, вклучително и на највисоко ниво, и нема желба за дијалог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.