Додека владата на Ковачевски прави сѐ да и удоволи на Бугарија за да добие датум за преговори, источниот сосед и нивните испостави во Македонија не губат време.Откако се отворија две здруженија кои го носат името на фашистички соработници, а трето е во најава, сега преминаа на следна фаза, а тоа е изучување на, како што го нарекуваат книжевен бугарски јазик.

Бугарската фондација „Македонија“ на својот Фејсбук профил се пофали дека секое дете кое ќе учи бугарски јазик ќе добива стипенија од 30 евра месечно. И уште најавуваат дека ќе се отвораат бугарски неделни училишта.Покрај Македонија, ваква иницијатива се најавува и во Србија.

Ова е само најава што би се случувало доколку власта успее во намерата да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав.Тогаш 3500 Бугари од пописот според механизмот „Балансер“ ќе имаат право на вреботување и учење на бугарски јазик и на отворање училишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.