Работната недела на британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон, кој неодамна стапи на функцијата, му започна со добивање сертификат за положен испит по македонски јазик, ниво Ц1.
За ова тој се пофали на социјалните мрежи велејќи дека му претставува чест и задоволство да го учи македонскиот јазик.
🇲🇰Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик. pic.twitter.com/EWG2VOjIAE
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) October 17, 2022
Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура, вели Лосон во видеопорака зборувајќи на македонски јазик.
Ова не е првпат новиот британски амбасадор да објави видеопорака во која зборува на македонски. Неговото прво видеообраќање, како и честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание беа на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.