Горан Јовановски, братот на Мартин, третиот од исчезнатите Македонци на Халкидики, по кого денеска четврт декн трага грчката крајбежна служба и надлежните органи, денеска се обрати со апел до македонските власти за поголема помош.

Тој и неговата мајка од САД вчера пристигнаа во Грција и велат не губат надеж дека Мартин ќе биде пронајден.

Упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата на спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потратата по нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме нашата влада и нашето Министерство за надворешни работи да се најде начин да продолжи потрагата, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно ги молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме додека не се пронајде Мартин, вели тој и апелира овој негов апел да се споделува.

Повеќе тука

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.