И денеска продолжува потрагата во поширокиот дел на Халкидики и во Егејското Море за пронаоѓање на Мартин, кој пред точно две седмици, исчезна кај Посиди на првиот крак, откако со двајца пријатели влегле во морето.

Волонтерскиот спасувачки тим ОФКАТ вели дека продолжуваат со потрагата не само во морскиот дел, туку и од воздух со помош на авион од аеро- клубот во Солун, кој денеска ќе го прелета и делот околу Еврос и островот Тасос.

Членовите на ОФКАТ од првиот момент се на терен, секојдневно веќе 15-ти ден пребаруваат во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше крајбрежната служба на Грција.

Христос Рамос, претседател на грчкиот волонтерски спасувачки тим изјави дека нема да запрат додека не го најдат Мартин

-Оваа изјава ја дадов уште од самиот почеток и е ветување што му го дадов на семејството на Мартин.

Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток на 14 јули, а акцијата продолжи од волонтерски спасувачки тимови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.