Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, им го честиташе Рождеството Христово – Божиќ на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на свештениците и монасите и на сите православни верници во земјава.

Во честитката тој пишува дека Христовото рождество е исполнување на сите човечки копнежи, очекувања и стремежи за повторна заедница со Бога и дека воедно Божиќ е и празник на новата епоха, неизмерна радост и дар за човечкиот род и светот.

Во овие возвишени мигови, испраќајќи Ви искрени желби за здравје, среќа, мир и љубов, посакувам заедно да се радуваме и да го исполниме и новото лето Господово со многу прославени јубилеи и светли настани за нашата Македонска православна црква. Палејќи ја свеќата на овој голем христијански празник, да ја запалиме надежта во срцето на секој еден Македонец, на секој еден христијанин. Христос се роди – навистина се роди! – порачува Сотировски во божиќната честитка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.