Какво и да ни е државичево, со сите мани, недостатоци, кражби, нефункционалности е сепак наше, вели писателот и активист Божидар Божиновски кој упатува апел да не дозволиме македонската приказна да заврши со нашата генерација.

Лоша е состојбата, најлоша што памтат нашите генерации ама не сме биле само ние овде, ни со нас почнува, а не смееме да дозволиме и со нас да заврши Македонија. Сигурно имало полошо, окупации, разни ѕверови и кевопии шетале овде само што овие забораваат дека оваа слобода, каква и да е, е многу скапо платена. Се гинело за ова што го имаме, да не дозволиме да мора пак, да не го изгубиме во мир она што сме го добиле во борба против многу помоќни. Многу работи што ти намислиле како гушењето на слободата и критиката, продавање на историја, јазик, идентитет нема да им поминат. И во најмрачните диктатури, макар од уста на уста се пренесува критика, а јазикот, историјата, идентитетот преживеале и кога не сме имале ни држава ни глас. Ќе ги преживеат и овие, само е прашањето колкава штета ќе направат до тогаш и колку време ќе ни треба да закрепнеме од оваа окупација, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.