По информацијата, која ја изненади јавноста, дека Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски вели дека неговата одлука, која се уште не е конечна, е од чисто идеолошка причина.
На прашањето на „Фокус” да ги појасни мотивите за коалицирање со партијата, бидејќи обвинуваше дека поради поранешните челници на партијата заврши во затвор, Бошковски вели:
Во 2009 година ја напуштив ВМРО-ДПМНЕ, но идеологијата НЕ. Тоа го сторив поради тоталитарното владеење на двајцата братучеди, Груевски и Мијалков, со кое не можев да се согласам како демократ. Сведоци на нивните политики беа сите граѓани. Режимот на Груевски и неговиот братучед го достигнаа врвот со монтажа на предметите „Кампања” и „Ровер”, поради кои поминав години во затвор. И да, по сето тоа, граѓаните со право ќе се запраашаат што барам со ВМРО-ДПМНЕ? Но сакам да потсетам дека од Југославија, па навака, мене не ме прескокнал ниту еден режим, како и оној во времето на Хари Костов за „Раштански лозја”. Значи нема режим кој ме прескокнал!, истакнува Бошкоски за „Фокус”.
Сепак, како што вели, и покрај се, неговата идеологија е ВМРО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.