Нема пречки за пристапување на Македонија во Европската унија, смета високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел
– Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За тоа дефинитивно е неопходна добра соработка. Регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизацијата за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување, изјавил Борел на прашање од Бугарското национално радио, кои ќе бидат следните чекори на ЕУ ако до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот, како што е предвидено во т.н. француски предлог за почеток на преговори за пристапување во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.