Во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Македонија, 2 Август – Денот на Републиката, Владата информира дека за активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“.

Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2 Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава, кога им се оддава почит на хероите кои ја одбележаа нашата историја.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ и ќе има обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце. Нејзиното обраќање ќе биде посветено на историското значење на овој празник и на важноста од зачувување на националниот идентитет и традиции.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто“ на плоштадот „Македонија“ и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. Овој чин ќе биде симбол на почит и сеќавање на нашите предци кои ги поставија темелите на нашата држава – велат од Владата.

Со слоганот „Борбата трае“ треба да се пренесе пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.