Постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии, затоа што членството во ЕУ е одговорност на сите, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на средба со граѓаните на Куманово во рамки партискиот караван „Рамо до рамо до победа“.

Маричиќ додаде дека сега е вистинскиот момент за нов чекор на европскиот пат и затоа дијалогот треба да продолжи.

– Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, порача Маричиќ, додавајќи дека по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.