Парламентарното мнозинство е стабилизирано и зголемено и тоа во Собранието ќе се види многу брзо, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.
„Многу брзо тоа ново зголемено парламентарно мнозинство ќе почне да функционира и да испорачува резултати“ истакна Богоев.
Во однос на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и расправата за реконструкција на Владата, Богоев посочи дека расправата намерно се пролонгира затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство.
„ВМРО-ДПМНЕ одолговлекува со дискусии во Собрание, за да се сокрие тоа дека тие немаат ново мнозинство. А тоа го прават затоа што Христијан Мицкоски две години вели дека ќе имало ново мнозинство и предвремени избори. Сето ова се прави само за Мицкоски да се обиде уште некое време внатре во партијата и пред јавноста да го крие фактот дека тој нема мнозинство. Сите знаеме дека велеше дека сега во текот на февруари ќе има распуштање на Собранието и техничка влада и во мај ќе има избори. Од тоа нема ништо. Некоректно е во заложништво да е цела држава само затоа што еден човек дал погрешна изјава или погрешна проценка“ порача Богоев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.