„Не мислам дека случувањата во ДУИ со т.н. огнена група ја загрозуваат Владата и насоката во која се двожи државата. Претставниците на огнената група од ДУИ се на ставот дека државата преку уставни измени треба да продолжи кон ЕУ“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Ботоев во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека и тие се свесни дека Влада предводена од СДСМ и оваа коалиција е единствениот гарант дека проевропскиот брод ќе продолжи напред.

Дали Али Ахмети и ДУИ ќе одлучат да ги сменат Артан Груби или Бујар Османи е одлука на ДУИ, не е коректно јас како човек од СДСМ да го коментирам тоа. Но тврдат дека случувањата во ДУИ нема да влијаат на курсот и насоката на државата што се поставени во моментов, а тоа е евроинтегративниот курс“, рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ вели дека членовите на огнената група не се противници на европскиот концепт и дека тие нема да дозволат внатрепартиските битки и полемики да ја загрозат владата и процесите што ги движи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.