Стефан Богоев треба веднаш да свика вонредна прес конференција, со иста помпа како претходната, само овојпат да се извини пред народот за ширење на лажни вести.Вчера медиумите објавија дека хартиите од вредност биле со истечен рок, притоа немаат никаква употреблива вредност, а дополнително и сопственикот на истите бил починат, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

 

Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. Тоа кај нас е сторено уште во 2001-ва година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност се во електронска форма.

Ја разбираме потребата на Богоев, соочен со никакви резултати, со кои би се пофалил, да прави фешти пред граѓаните и да ги манипулира со непостоечки и лажни случаи, но вистината секогаш излегува на виделина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.