Двојната средба во една недела – денешната билатерална, по понеделничката заедничка средба со амбасадори на држави членки на ЕУ, ја покажува волјата од двете страни за унапредување на добрососедските односи, како што доликува на држави со европска ориентација, беше заклучено на денешната средба на техничкиот премиер Талат Џафери со бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.
На средбата, како што информираат од владината прес-служба, се разговараше за актуелни прашања од значење за двете земји, за билатералната соработка, како и за одржувањето на стабилноста во регионален и во поширок, европски контекст. Во таа насока, се потенцираше важноста на истакнувањето позитивни примери и позитивни наративи од двете држави, што оди во прилог на јакнење на меѓусебната доверба, како интерес на граѓаните и придонес во европското поведение на регионот.
-Македонија е цврсто определена за дијалог помеѓу државите, што води кон пријателство и заемно почитување на достоинството, истакна Џафери и изрази очекување дека двете земји ќе имаат можност за неколку години да соработуваат успешно и во Европската Унија, како што тоа сега го прават во рамките на НАТО.
На средбата, од двете страни беше реафирмирана политичката волја за имплементација на меѓусебно преземените договорни односи, и во тој контекст, Џафери ја реафирмира посветеноста и на Владата кон реализирање на уставните измени во насока на продолжување на евроинтеграцискиот пат на земјата. Воедно, беше потврдена взаемната потреба од продолжување на политичкиот дијалог на сите нивоа и во текот на 2024 година, независно од изборите во нашата држава и претстојната промена на премиер во Бугарија. Како позитивен пример во таа насока, беше посочена посетата на претседателот на Националното Собрание на Бугарија, Росен Жељазков, минатиот ноември, со кого Џафери оствари средба од позиција на претседател на Собраниет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.