Враќање на студентите во предавалните и лабараториите е главниот предизвик на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во новата 2022 година. Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев вели дека враќање на условите пред пандемијата сепак не се очекува пред стартот на пролетта.

Според Боев, рано е и да се даде оценка колку онлајн наставата, и тоа не само на нивниот универзитет, им пружила квалитетно знаење на студентите. Според него, проблем не е користењето на дигиталните алатки, туку тоа што морало да се направи се одеднаш. Боев објаснува дека затоа се размислува за надоградување на дел од програмата на одредени факултети.

Ние имаме доста информатички алатаки и како Универзитет не почувствуваме поголем проблем на тоа дека неможеме да поминиме на тие алатаки, меѓутоа јас сакав само да кажам дека преминувањето на од еднаш на таквите процеси не е добро и тоа треба да биде пособен процес, во којшто треба полека и полека се внесуваат и тоа е систем на внесување од некое друго образовние и тоа не само од високото образование. Туку и во делот на средното, основното образование, прашањата кои се поврзани со дигитализациајта на образовните курикулуми е исто така интересн феномен кој треба пополека да се внесува во системот – вели Боев.

Ректорот на УГД-Штип најавува и привлекување поголем број на странски студенти. Лани во Штип пристигнале и се запишале околу 500 странци, а оваа бројка се очекува да се зголеми наредната академска година, бидејќи се очекува стартот на насоката Општа медицина на англиски јазик. Боев истакна дека програмата е веќе акредитирана.

Боев смета за да се спречи одливот на квалитетните кадри потребна е целосна автономија на универзитетите, а посебно во делот на планирањето на нивниот развој. Тој посочува дека поголемата автономија на универзитетите во земјава ќе значи и решавање на низа на проблеми кои ги имаат како високообразовни установи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.