Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во саботата, во Битола не функционирала македонската држава.

Не постои приватна посета на премиер и претседател, така е во дипломатијата се најавува посета на премиер и претседател. Нашиот претседател реагира на Фејсбук, врховен командант на војската. Ако има против таков чин нашиот претседател, требало да му каже на министерот Бујар Османи, не може да го одбие министерот „Извини, ќе им кажете да не доаѓаат““, вели Боцевски.

Тој ја оцени како пристојна жена поранешната министерка Рената Дескоска, која излезе со документ дека одбила регистрирање на тоа здружение.

Во Битола во саботата не функционираше македонската држава, тоа што револтира и тоа што прави бесна реакција кај сите е тоа каде беше Петков во саботата? Во Македонија? Во Бугарија? Бележеше територија?, вели Боцевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.