Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, освен внатрешни, има и надворешни соработници, кои се ангажирани на одредени проекти. Според документите со кои располага Фокус, една од надворешните соработници со кои склучила договор Арсовска е и Наталија Митовска, сопственичка на продукцијата Трипл Диџит Продакшн, која од град Скопје е ангажирана да го реализира проектот „Ритам на чаршијата“, во вкупна вредност од 22.764 евра во времетраење од една година. Според договорот, додека трае проектот, Митова ќе добива по 55.000 денари на месечно ниво, објавува Фокус во најновиот број.
Таа можеби на јавноста не и е позната по презимето Митовска, но затоа повеќе ја знаат какао Наталија Ивчева, која заедно со својот сопруг Александар Митовски, стојат во заднина на порталот Инфомакс, каде што предвреме беше објавен текстот за разрешување на директорот на Водовод.
Познато е дека Арсовска во последните месеци на јавноста и се обраќа преку овој портал, каде што дава отчет за сработеното.
Сепак Ивчева многу години наназад беше во политиката, поточно низ годините беше член на повеќе партии, ВМРО ДПМНЕ, па Обединети за Македонија под раководство на на Љубе Бошковски, за повторно да се врати кај вмровците. Истовремено, во тој период имаше и неколку функции. Но во последно време можат да се забележат нарушените односи меѓу опозиционерите и Ивчева. Според објавите на Инфомакс, тие целосна поддршка и даваат на актуелната скопска градоначалничка.
Фокус дојде до списокот на луѓе што влегле во Градот по преземањето на Арсовска на локалната власт. Иако сите се анонимни ликови, сепак зад себе имаат „кариери“ и „богати биографии“ во државните институции, или пак во приватниот сектор. Според документите, дел од тие луѓе се истите што се најдоа и на листата за нови членови на евалуационите комисии за тендерот на пречистителна станица од 136 милиони евра, предложени лично од градоначалничката Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.