Централниот обор на СДСМ го овласти претседателот и премиер Ковачевски, да разговара со партнерите во владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри.

На предлог на претседателот Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за замениците министри од СДСМ:

За заменик-министер за здравство партијата одлучи да биде доцент доктор Владимир Рендевски.

Од 2017 д-р Рендевски е прв човек на Клиниката за неврохирургија во Скопје, а во 2020 година ја доби 4-то Ноемвриската награда на град Битола за едногодишно остварување. Тој е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.