Претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република  Македонија.

Честитки до сите граѓани припадници на српската заедница со желби за убав празничен ден, поминат во мирот и спокојот што го нуди семејниот дом исполнет со блиски и драги луѓе. За жал, сè уште над сите нас виси опасноста од пандемијата со КОВИД-19, на која се надоврзуваат и очекуваната економска и енергетска криза, што е само уште еден мотив повеќе да се сплотиме и да споделуваме и добро и лошо, и кога сме успешни и кога сме поразени, се вели во честитката.

Џафери верува дека државата како заеднички, топол и безбеден дом е земја во која најдобро се изразуваат посебностите, сепак обединети во една единствена целина во која секоја заедница е вреден дел кој на несебичен начин придонесува со тоа што најдобро може.

Во случајот со Македонија, тој додава дека тоа е заемната почит, разбирање и обединување околу најважната заедничка цел – напредна и успешна држава, безбеден и атрактивен дом за идните генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.