„Поддршка за обесправените!“.. „Правда за Јана!„…. Со вакви пораки роднини, пријатели и граѓани преку социјалните мрежи најавуваат протест пред Јавното обвинителство во Битола во 19 часот.

Денеска, точно три месеци по смртта на малата Јана, протестите ги поттикна одлуката на Јавното обвинителство кое образложи дека нема кривично дело во случајот со смртта на петгодишното девојче кое почина по примена инфузија во битолската болница.

Родителите обвинуваат за лекарска грешка и најавија дека со странска надворешна комисија ќе бараат да се докаже што точно се случило, а сметаат дека треба да се вештачи и комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци.

Денеска се точно три месеци од смртта на Јана, не сме воопшто задоволни од извештајот на судска медицина, кажавме дека ќе одиме и понатаму со странска експертиза. Денеска во 19 часот има и протести…“, вели Кристина Христовска, мајка на починатата Јана.

Шестгодишната Јана почина на 22 март, само неколку часа по приемот во педијатриското одделение. Родителите три месеци бараат правда.

Обвинитеството вчера соопшти дека нема да има постапка за случајот бидејќи немало елементи за несовесно лекување согласно Кривичниот закон. Родителите обвинуваат за лекарска грешка и најавија дека со странска надворешна комисија ќе бараат да се докаже што точно се случило, а сметаат дека треба да се вештачи и комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.