Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со трговскиот пратеник за Западен Балкан на премиерот Борис Џонсон, Мартин Викерс.

Kако што соопшти Кабинетот на Битиќи, nа средбата се разговарало за повеќе теми кои се од обостран економски интерес на двете земји, при што е констатирано дека Обединетото Кралство е вториот најголем економски партнер на нашата земја.

Викерс ја потврдиl поддршката на Обединетото Кралство во нашите евроинтегративни процеси, но и поддршката во остварување на зелената агенда на Македонија, посебно преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.

Вицепремиерот Битиќи му се заблагодариl и за поддршката која нашата земја ја има од Обединетото Кралство во првата фаза од подготовката на Националната развојна стратегија 2021-2041.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.