Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ, во емисијата „24 анализа“ рече дека треба да размисли за укинување на позицијата прв вицепремиер на која сега се наоѓа Артан Груби.

Според него, оваа позиција е воведена како резултат на политички договор, но и дека СДСМ во договор со коалицициските партии размислува за намалување на министерски места.

Битиќи рече дека претседателските избори ќе бидат потврда на победата на парламентарните избори во корист на сегашната влада. Тој смета дека процесот на уставни измени не е мртов и смета дека ако постои деловничка можност по изборот на техничка влада на 28 јануари, веднаш на истата седница да се стават и амандманите за устави измени.

Ако постои можност, јас мислам дека најдобро е на 28 јануари откако ќе биде изгласана техничката влада,  во ист ден да се стават на гласање и уставните измени, изјави Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.