„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – ја продолжуваме битката со резултат НУЛА-НУЛА. Нема откажување, нема време за малодушност. Да не бараме утехи, затоа што битката за европска Македонија уште не е завршена. Кренете ги главите, вратете ги насмевките. Ние како партија сме обединети и ќе се бориме за нашите убедувања“ – кажа потпретседателот на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на „Коалицијата за европска иднина“ во изборната единица 2, Фатмир Битиќи на централниот митинг во Чучер Сандево.

Според него, СДСМ продолжува со засилена одлучност и решителност како и посветеност за идејата за европска Македонија:

„Откажувањето не е опција за нас, храбрите, за нас од СДСМ. Не постои голема разлика – се’ е достижно! На 8ми мај, се почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од НУЛА. Ова да биде предизвикот преку кој ќе се сплотиме, да бидеме уште посилни во следните две недели. Гледајќи ве вас, драги другари и другарки, уверен сум дека целосно сме подготвени за оваа ситуација која од нас бара гласно да кажеме дека нема откажување“ – истакна Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.