Вицепремиер за европски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека „Европскиот фронт“ е отворен не само за политичките партии, туку и за сите граѓани кои го бираат патот кон Европската Унија.

Европскиот фронт ќе важи и ќе живее до денот на целосната европска интеграција на нашата земја. И не само кон одредени политички партии, отворен е и за сите граѓани кои го избираат патот кон Европската Унија, истакна Битиќи по панел-дискусијата „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Македонија“ во рамки на кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.