Бидете со народот или сносете ги последиците, порача филмскиот режисер Дарко Митревски, автор на филмовите „Трето полувреме“, „Балкан Кан“, „Збогум на 20-от век“ и тв-сериите „Уа шнајдери“ и „Досие Скопје“.
Тој ги повикува припадниците на безбедносните сили на Македонија да бидат со својот народ или во спротивно да бидат легитимна цел на граѓаните кои протестираат против францускиот предлог и бугарските барања.
Митревски е автор на слоганот ,,Никогаш северна, само Македонија” кој се скандира деновиве на протестите против францускиот предлог за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската унија. Тој смета дека ,,Македонија” е окупаторска творба а единствена легитимна држава на македонскиот народ е Македонија.
До сите припадници на безбедносните сили: Република Северна е окупаторска творба насадена врз Македонија, легитимната држава на македонскиот народ. Отаму, секој оној кој и служи на Република Северна наспроти интересите на македонскиот народ претставува легитимна цел врз која ќе се истури гневот на Македонците. Доколку носите униформа на која пишува зборот “Република Северна“, сега е момент да ги искинете ознаките и преминете на страната на народот. Доколку одбиете, праќате порака дека се согласувате да бидете легитимна цел – и да ги сносите последиците за тоа”, пишува Митревски чиј филм „Трето полувреме“ кој зборува за бугарската фашистичка окупација на Македонија и депортацијата на македонските Евреи е практично забранет од властите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.