Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ со отворено писмо до претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Повод за обраќањето на Бичиклиски е „подадената рака“ од Јакимовски, кој по потпишувањето на франкускиот договор повика опозицијата да ги закопа секирите и обединета да му даде желба за живот на македонскиот народ. Но, понатамошните настапи на Јаким овски говорат спротивно.

Господине Јакимовски, ако сте киднапирани трепнете …
Да бидам искрен, очекував поинаков одговор и наратив од господинот Стевчо Јакимовски. Очекував искрено дека ќе подаде рака, дека суетата ќе ја остави зад себе, дека ќе ја критикува власта, дека ќе даде иницијативи и предлози како тоа да се направи и слично…. Но за жал можам слободно да констатирам дека овој сегашниот Јакимовски е бледа сенка на оној Јакимовски, кој што го паметев како извонредно храбар и решителен човек, човек од акција, изграден карактер со свои ставови ….
Трансформацијата делува страшно и очајно. Денес сме сведоци на оркестрирани договорени тв настапи и интервјуа, на кои лидерот на ГРОМ очајно пласира невистини со кои пробува да го деградира ВМРО и Христијан Мицкоски. Се настапува на медиуми блиски до власта во ударни термини со предходно договорени прашања и одговори. Кога сме кај овие медиуми доволно е да влезете во нивните архиви и ќе приметите дека до пред неколку месеци беа најголемите антагонисти на ликот и делото на Стевчо Јакимовски.
Повеќе од јасно е дека дилемата, дали Стевчо одработува за власта притиснат од кривичен прогон или пак пробува да одкине дел од гласачкото тело на ВМРО со кое би си ја зголемил политичката моќ на македонскиот политички простор, за која пишував во предходната колумна е разјаснета. Очигледно некој е под силен притисок и личните интереси, тоест својата кожичка е побитна, отколку спротиставувањето на националното предавство кое го направи СДСМ и ДУИ.
Тука нема повеќе простор за размислувања од типот дека се работи за суета, лични релации со Христијан или дека се работи за чесни предлози кои се во полза на македонската кауза.
Ќе се задржам на две работи кажана на последното гостување на господинот Јакимовски на ТВ 24 .
“Прво за мене власта не прави фарса . Власта е јасна како денот. Таа е спремна да предаде. И власта си кажува , ние сме за прифаќање на договорот со Бугарија , ние сме за уставни промени, ние сме за внесување на Бугарите во уставот. Значи СДСМ ни е јасна како ден. Фарсата е кај опозицијата и
Христијан Мицкоски. Проблемот е што овој му асистира на СДСМ во правењето на предавство, а ваму пред народот изиграва дека е тој што ја брани Македонија . Еве пример.”

Господине Јакимовски , дури 94 % од Македонците и 72 % од целото население во Македонија е против овој договор , кој сам по себе е фарса и ако по нешто е препознатлив е токму по тоа што не е јасен, со многу скриени протоколи и замки. Очигледно само на вас , Таче и Бујар ви е јасно ко ден, а ние останатите слепци појма немаме што ни се случува бидејќи така ни кажува Мицкоски.
Кога сме кај став, се уште македонската јавност чека од вас како опозиционер, јавно јасно и гласно да ги осудите СДСМ и ДУИ за ова национално предавство а не да ни раскажувате колку СДСМ и власта е јасна како ден.

“Ќе одговори ли на прашањето Мицковски зошто месец и пол направи протест кој беше 10 дена пред објавувањето на бугарскиот предлог. За кулминацијата да се достигне 10 дена пред и после тие протести беа само фарса. Мојот предлог беше да се направи еден голем протест што ќе има најмалку 60 000 до 70 000 луѓе , најмалку 700 – 800 автобуси да донесеме, и замислете ја глетката од фонтана во парк до стоковна куќа Мост.”

Еееее друже Стевче , ВМРО направи партиски митинг со над 70 000 луѓе на кои беа скоро сите опозиционерски партии со чест на исклучоците како ГРОМ , Интегра и итн. Можеби немавте престава за бројноста бидејќи митингот се одржуваше во периодот кога бевте сликани со службено возило и капетанска капа како одмарате на плажа. Знам желбата на секој лидер на помала политичка партија е еден ден да збори пред 70 000 луѓе.
Кога сме кај фарсата, зар не е фарса да се појавите еднаш или два пати на протест и тоа не повеќе од 15 мин , а од друга страна уште незавршен истиот преку одредени медиуми кои директно или индиректно ги плаќате да ја напаѓате ВМРО, притоа кажувајќи приказни за тоа колку сте видовит и знаете се што се случува во власта?

Зар не е фарса ниту еднаш организирано да дојдете на протестите како политичка партија, како што направија Левица, Родина, Социјалиситичка партија, Демократската партија на Србите и итн.?

Зар не е фарса еден пакет со вода, барем симболично вие или ГРОМ да испратевте на оние луѓе кои секојдневно дехидрираа на плус 40 пред Влада?

Зарем не е фарса да од позиција на 1 према 10 000 во број на членство ГРОМ-ВМРО да нудите непристојни предлози предложени преку нарачани текстови на купени и заробени медимуми?

Господине Јакимовски, се уште не е доцна да се преиспитате и со полн капацитет да се придружите на здружената опозиција во борбата за иднината на овој народ и држава. Ставете го националниот пред личниот интерес. Нашите предци на кои не сме им ни до колена, за многу помали нешта гниеле по затвори и умирале за подобро утре на идните генерации.
ПС организатор на митингот беше ВМРО ДПМНЕ а на протестите на кои даде подршка ВМРО и се вклучи со својот капацитет ги органзираше граѓанската иницијатива ” УЛТИМАТУМ НЕ БЛАГОДАРАМ ”



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.