Поддршка на ЗНМ за маршот за одбрана на новинарското достоинство упати мрежата Безбедни новинари (SafeJournalists), која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан. Во заедничко соопштение поддршка за маршот и честитки за 77 годишнинатата до ЗНМ кое е членка на оваа мрежа изразија здруженијата на новинари на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, како и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Ние стоиме рамо до рамо со нашите македонски колеги во нивните напори да го кренат гласот за: итно донесување и спроведување на законите кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивното доследно спроведување, ставање крај на државниот ПР што може да го наруши јавниот интерес, почитувајќи ги работничките права и безбедноста на медиумските работници при вршењето на нивните професионални должности на национално и локално ниво во Република Македонија. 

Ќе останеме посветени на почитувањето на состојбата на правата на новинарите и состојбата на слободата на медиумите во оваа земја. Воедно, сакаме да ја честитаме 77-годишнината на ЗНМ и ги поздравуваме нивните посветени напорите за одбрана на новинарското достоинство на македонските новинари и медиумски работници, стои во нивното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.