Денеска сме овде во Градско и можам да кажам дека и покрај тоа што Општината можеби е од помал обем кога станува збор до жителите на општина Градско, но сепак со една храбра, посветена и чесна работа од страна на градоначалникот овдека, Кире заедно со администрацијата, со советниците прави нешто кое што досега не било запаметено. Односно немало ни можност да се помисли да се направи, но еве се прават проекти, се работи и се прават дополнителни проекти кои што во периодот кој што следи ќе бидат исто така сработени, а кои што ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните овдека во Градско, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Како и сите градоначалници кои што се избрани, доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ така и овде во Градско имаме огромни притисоци од страна на Владата, несоработка, за жал морам да констатирам дека на тој начин си го казнуваат сопствениот народ, граѓаните во сопствената држава и неодговорно се однесува Владата. Но, и покрај тоа Кире е доволно мотивиран и заедно со советниците, администрацијата овдека да направи нешто што е невозможно односно самиот кажа од општинскиот буџет имаме бесплатна градинка, а од скоро ќе имаме и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение. Нешто што за првпат се прави во Македонија и јас му честитам и му посакувам само така да продолжи. И на тој начин ќе покажеме и разлика дека не се сите исти. Додека некои крадат, другите работат. Додека Владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ упорно краде и ја уништува Македонија, градоначалниците и Општините каде што имаме кадри на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат разлика и работат.

И само напред, само храбро, за неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада, Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе ги поддржува општините без разлика дали таму градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ, дали е од ДУИ, Алијанса или некоја друга политичка партија, БЕСА, итн. Ние сме фокусирани на целата територија на Македонија без разлика во која општина каков градоначалник е, и од која политичка партија доаѓа или е независен, не е политички определен. Нас нѐ интересира квалитетот на живот на секој еден граѓанин без разлика на етничката и политичка припадност или политичка неприпадност бидејќи имаме многу наши сограѓани кои што се политички независни.

Така што само со ваков тип на проекти и реализација на истите ние можеме да покажеме разлика и со дела да ја сакаме Македонија“ – порача тој.

Градоначалникот на Градско Киро Нацков рече дека пред идниот премеир го презентирал сработеното и најавил нови проекти.

Денес започнува изградбата на „Обиколница“, проект на Министерството за транспорт и врски со средства обезбедени од Светска банка. Таа треба да го растовари сообраќајот во Градско, односно тешките моторни возила кои минуваат низ центарот на општината, да одат по заобиколен пат, рече Нацков.

Нацков го спомена пеоктот по кој Градско се изделува од другите општини во Македонија, а тоа е бесплатна градинка за сите деца во Градско.

Втората работа која што почнуваме од вторник односно од 2 мај а тоа е бесплатен оброк, прво за децата од прво до петто одделение. Зошто сега го започнавме сето ова? Зошто кон крајот на школската година? Затоа што сакаме прво да видиме како ќе се одвива проектот, дали ќе има одредени аномалии, дали родителите ќе бидат задоволни, дали децата не дај боже ја фрлаат храната и така натаму. Доколку се се покаже како што треба , од 1 септември продолжуваме со истата пракса, значи бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение, ако е сѐ како што треба, од наредниот буџет од 2024 година ќе ги опфатиме децата од прво до деветто одделение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.