Движење Беса ги обвинува за предавство двете албански партии на власт, ДУИ и АА, дека го бранат интересот на Македонците и забораваат на отстранувањето на 20% за албанскиот јазик во Уставот.
„За ДУИ, кој бара албански јазик во Уставот е про руски, а за АА отстранувањето на 20% му пречи на членството на земјава во ЕУ. Да излезеш и пред албанскиот јазик да ги браниш интересите на друг народ и на тие кои се главен фактор за блокирање на земјава за членство во ЕУ е предавство на својот јазик и национални вредности“, велат од Беса.
Во Summer Click на ТВ21, Бујар Османи рече дека ДУИ е за укинување на 20% од уставот но додаде дека не сакаат да и дадат алиби на ВМРО-ДПМНЕ да велат дека Албанците ги условуваат уставните измени.
„Албанците секогаш биле главни виновници, тие се причината, и едвај чекаат ние да бидеме тие кои условуваат со 20% за попречување на интегративниот процес во ЕУ и да речат, еве, тие попречија. Сега не треба да бидеме алиби. Гледајќи ја оваа атмосфера дека и македонските партии сега сакаат (да ги отстранат 20%), првата шанса која ќе следи, ние ќе го средиме тоа, бидејќи нема веќе пречки“, посочи Бујар Османи.
За ова прашање изјава даде и лидерот на АА, Арбен Таравари преку статус на Фејсбук.
„Периодов на социјалните мрежи кружи претпоставка дека Алијансата за Албанците донекаде се повлече од својата кауза за отстранување на 20%. Сакам да констатирам за да избегнеме какво било недоразбирање или претпоставка дека нашата партија ја има оваа измена како приоритет и цел од 2018 година, а целосно е апсурдно да се мисли дека сме се предомислиле!“, посочи Арбер Адеми.
Инаку, се очекува да се отвори уставот на РСМ за да можат Бугарите да влезат во него и да се вклучат како народ, додека отстранувањето на 20% како замена за зборот албански јазик останува дилема бидејќи не наиде на поддршка од ВМРО -ДПМНЕ. Во неколку случаи кога претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски беше прашан за ова прашање, тој одговараше дека ако се отстранат 20 отсто, треба да се отстранат балансерот и бадентерот.
Извор: ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.