Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска за тужбата за Министерството за образование и наука (МОН) поради недостиг на учебници вели дека Комисијата обезбедила факти од Министерството дека не се обезбедени учебници за секој предмет. Бендевска посочува дека од 123 учебници, недостигаат 43.
Овој проблем не е само оваа година, но овој министер имаше повеќе од четири месеци и начин да ги исполни препораките. Сега гледаме забрзано дека секој ден изјавува како се обезбедени за нов предмет – рече Бендевска во Топ Тема на Телма.
Според неа, препораката на Комисијата била кратка и децидна да се обезбедат учебници за секој учебник по секој предмет до 31 август.
Го обезбедивме документот и има архивски број. Од вкупно 123 учебници, 43 недостигаат. Тоа е огромна нееднаквост и дискриминацијата зафаќа илјадници ученици. Комисијата постапуваше согласно законските овластувања. И органите во составот на Министерството, сите се инволвирани во креирањето на обезбедувањето на учебници – рече Бендевска.
Ова е првпат во земјава една државна институција да тужи друга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.