Скандал се случи денеска кога за време на пресот министерот за економија Крешник Бектеши беше искаран од новинарка дека не го користи вистинското име на државата – „Република Cеверна Македонија“.

Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава.

– Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња – реагираше Дуковска.

Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае.

– Cеверна Македонија – рече тој.

– Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава? – инсистираше новинарката.

На ова министерот Бектеши ѝ одговори:

„Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.