Министерот Крешник Бектеши кој е член на ДУИ на новинарско прашање на Телма за тоа дали Груби ќе биде во партиските структури беше изнервиран и тврдеше дека не се знае ништо. Бектеши рече дека се ќе се знае за неколку часа на централното претседателството на ДУИ закажано за денеска.
Одговарајќи направи и гаф па ДУИ наместо партија ја нарече компанија бидејќи претходно одговараше на прашања за енергетските компании во државата.
ДУИ е демократска компанија. Во ДУИ се гласа и се дебатира. Ни јас не знам дали ќе бидам и за што ќе бидам избран – рече Бектеши.
Централното партиско претседателство се организира по бунтот на ткнр. огнена група предводена од старите кадри, а според информациите, разликите се испеглани, функциите се поделени додека за Артан Груби информациите се дека нема да биде во партиските тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.