Беким Незири, кој е претседател на партискиот огранок на ДУИ во скопската општина Чаир, беше еден од директорите на М-НАВ, директор на Фондот за ПИОМ и министер за економија, по што се враќа во М-НАВ на гарантирано работно место, последниве десетина години неколкупати беше поврзуван со скандали и насилство. Важи за човек од доверба на Ахмети, пишува А1.он.

Како еден од тројцата директори на М-НАВ предизвикал неколку инциденти. Како што тогаш објавуваа медиумите, контролорот како инструктор не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор и Незири го удрил и го турнал по скали. Снимките за нападот врз инструкторот биле избришани. Потоа, до Управниот одбор поднел предлог инструкторот да биде разрешен, а кога другите се противеле го плиснал со вода тогашниот претседател на Управниот одбор.

Точно е тоа што сте го слушнале. Разговаравме за предлогот на Незири да биде разрешен еден од вработените. Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е добар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за ‘неговите’ . Му реков дека безбедноста на летањето е неделива, нема ‘наши’ и ‘ваши’. Продолжението го знаете, ме плисна со вода”, изјавил тогашниот претседаттел на У. О на М- НАВ , Живко Поповски

Сепак контролорот е избркан од работа, врз основа на тоа дека пет дена неоправдано отсуствувал од работа, а всушност електронски му било избришано боледувањето додека се опоравувал од тепањето. Контролорот потоа тужел на суд и го добил процесот. Според информациите откако и неговата сопруга била избркана од работа во Клиничкиот центар, тие се преселиле во Норвешка каде се вели дека работи во Контрола на летање.

Како директор на Фондот за пензиско Незири се поврзуваше со афера за проневера на 19 милиони евра. Министерката Царовска (СДСМ) тогаш објави дека открила криминал од 19 милиони евра, кои државата треба да им ги врати на 12.000 осигуреници, чии пари за пензиско осигурување во изминатите 10 години директорите на Фондот за пензиско осигурување (ПИОМ) не им ги уплаќале во вториот пензиски столб. За време на овој криминал, кој го обелодени Царовска, директори на ПИОМ беа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Амет Даути, Беким Незири и Шаип Зенели. Тогашната минстерка за труд и социјална Мила Царовска се закани и со кривична пријава но се разбира дека таа никогаш не беше процесуирана. Тогаш со функција Вицепремиер за европски прашања Бујар Османи остро ја нападна Царовска за отворањето на аферата и застана во одбрана на директорите од ДУИ, наведувајќи дека не се работи за злоупотреба, туку административни пречки и обвини за ширење на лажни вести, а најави тогаш и тужби за медиумите.

Целиот текст овде.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.