Кандидатот за лидер на СДСМ, Александар Бајдевски денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека нема црни дамки зад себе, и поради тоа се охрабрил да се вклучи во кандидатурата за претседател на партијата.

Јас сум долги години во СДСМ, од мојата 18-та година, можам слободно да кажам дека сум пораснат во партијата. Досега сум бил на повеќе партиско општествени функции. Во делот на општественото делување сум бил советник во Кисела Вода мандат 2000-2005 година, и како што кажавте последните години ја извршувам заменик министер за информатичко општество и администрација. Во целиот мој ангажман сметам дека сум работел одговорно, чесно, сметам дека немам црни дамки зад себе и тоа ме охрабри да влезам во оваа кандидатура, да ја споделам мојата визија со партиските другари и да ја побарам нивната поддршка, вели Бајдевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.