Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека одлуката на Министерството за надворешни работи да потроши 100.000 евра за кампања со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на законот.
Користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства. Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта“ се наведува во реакцијата на АВМУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.