ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа се помага да не се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет, се вели во соопштението од партијата.

Граѓаните на Скопје треба да знаат, додаваат оттаму, дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација.

Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Cеверна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.