Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека со мониторингот на изборното медиумско претставување за Претседателските избори 2024 година, констатирала дека, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, во платено политичко рекламирање на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи учествуваат малолетници.

За содржината на платеното политичко рекламирање се одговорни нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување. Оттаму, радиодифузерите треба веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да ја усогласат содржината на нивното платено политичко рекламирање со законската регулатива, предупредува АВМУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.