Со мало задоцнување полетаа патниците од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив кои се пријавија на повикот за евакуација и репатријација во Македонија, велат од МНР за МИА.
Се очекува тие да пристигнат на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 15.15 часот.
Владата организираше бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побараа помош и евакуација од Израел. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.