Ова свирепо убиство на Вања и берберот од Велес ќе остави трајни и длабоки психолошки последици во нацијата, бидејки е извршено на свиреп и монструозен начин, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски за „Студио 10“.

Јавноста е згрозена што станува збор за јавна личност која во Македонијаовеке од 25 години е позната со сите негови епитети бизнисмен, вклучен во високата политика, потоа бил медиумски сопственик на еден од најчитаните медиусмки неделници и на крај гледаме дека заврши во еден вид политички радикализам. Квалификaција дека е монструм од страна на Оливер Спасовски го поставува клучното прашање, како на монструмот Љупчо Палевски му било дозовлено во овие 25 години со серија на чести прекршувања на законите и извршување на кривични дела тој воопшто да не одлежи ниту еден ден притвор, како тој затајувувал данок, како тоа присвојувал и пуштал нелегални прислушкувани материјали, како се шетал со пиштол низ градот. И во оваа држава со правосудниот систем гледаме какви небулози имаме. Односно луѓе за да се покаже дека правосудниот систем е функционален, лежат за кебапи, а овој човек покрај пријавите тој секогаш го заобиколувал правосудниот систем, изјави  Атанасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.