Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер преку кој порача дека е за албанската опозиција.

Тој побара да ги депонираат оставките.

Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома, рече Груби.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му врати и му порача дека д-р Арбен ќе му препише терапија.

Тој на својот Фејсбук профил порача „Артан, терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.