Уште траат консултациите во ВМРО-ДПМНЕ, за тоа како да гласи референдумското прашање што е нивна иницијатива по францускиот предлог. Оттаму посочија дека се работи за крупно прашање и дека не се обврзани со рокови. Опозицијата обвинува дека власта се плаши и не говори многу на оваа тема, како и дека претседателот Стево Пендаровски ретерира.

Внатрепартиските консултации сѐ уште траат, веднаш штом се однесе одлука ќе излеземе и јавно ќе ја презентираме. Она што повеќе нѐ загрижува како политичка партија е недоветото однесување на Стево Пендаровски, кој сам изјави дека е потребен референдум за ова прашање, а дури потоа, откако најверoјатно му извршило притисок или му ги истегнале ушите овие од СДСМ, ретерираше по тоа прашање дека не треба да има референдум“, кажа на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.